1 Слушајте го зборот што ви го зборува Господ, Израелев Дому.
2 Господ зборува вака: „Не свикнувајте на безбожниот пат, и не треперете пред небесните знаци, зашто пред нив треперат само безбожниците.
3 Зашто правилата на тие народи се ништожество, само дрво пресечено во гората, дело на рацете на дрводелецот,
4 украсено со сребро и злато, прицврстено со клинови и со млат за да не се ниша.
5 Слични се на птичините страшила во градината: не знаат да зборуваат. Треба да бидат носени, зашто не умеат да одат. Не бојте се од нив, зашто не можат да прават зло, но не можат да прават ни добро.”
6 Никој не е како Ти, Господи, Ти си велик и силно е Твоето Име.