Еремија 10:16-22 MKB

16 „Јакововиот Дел” не е како нив: зашто Тој е Творец на сè, Израел е племе на Неговото наследство, Господ над Воинствата е Неговото Име.

17 Собери ги своите искинати облеки од земјата, ти, кој живееш во тврдина!

18 Зашто Господ вели вака: „Ете, овој пат далеку ќе ги отфрлам жителите на оваа земја, ќе ги притеснам за да Ме најдат.”

19 Горко ми заради мојата повреда, мојата рана е неизлечива. А јас реков: „Сепак, болеста е моја, ќе ја носам!”

20 Мојот шатор е расипан, сите јажиња се скинати. Децата ме оставија: ги нема. Нема кој да го оптегне пак мојот шатор и да ги крене шаторските крилја.

21 Да, пастирите ја загубија паметта: Не Го бараа Господа. Затоа среќата не ги придружува, и сите стада се распрснаа.

22 Чујте вести! Еве, се доближува страшно бучење од северната земја, за да ги претвори јудејските градови во пустина, во кална локва на шакалите.