Еремија 10:17-23 MKB

17 Собери ги своите искинати облеки од земјата, ти, кој живееш во тврдина!

18 Зашто Господ вели вака: „Ете, овој пат далеку ќе ги отфрлам жителите на оваа земја, ќе ги притеснам за да Ме најдат.”

19 Горко ми заради мојата повреда, мојата рана е неизлечива. А јас реков: „Сепак, болеста е моја, ќе ја носам!”

20 Мојот шатор е расипан, сите јажиња се скинати. Децата ме оставија: ги нема. Нема кој да го оптегне пак мојот шатор и да ги крене шаторските крилја.

21 Да, пастирите ја загубија паметта: Не Го бараа Господа. Затоа среќата не ги придружува, и сите стада се распрснаа.

22 Чујте вести! Еве, се доближува страшно бучење од северната земја, за да ги претвори јудејските градови во пустина, во кална локва на шакалите.

23 Знам, Господи, дека патот на човекот не е во неговата власт, дека човекот, кој што оди не може да ги управува своите чекори!