Еремија 10:19-25 MKB

19 Горко ми заради мојата повреда, мојата рана е неизлечива. А јас реков: „Сепак, болеста е моја, ќе ја носам!”

20 Мојот шатор е расипан, сите јажиња се скинати. Децата ме оставија: ги нема. Нема кој да го оптегне пак мојот шатор и да ги крене шаторските крилја.

21 Да, пастирите ја загубија паметта: Не Го бараа Господа. Затоа среќата не ги придружува, и сите стада се распрснаа.

22 Чујте вести! Еве, се доближува страшно бучење од северната земја, за да ги претвори јудејските градови во пустина, во кална локва на шакалите.

23 Знам, Господи, дека патот на човекот не е во неговата власт, дека човекот, кој што оди не може да ги управува своите чекори!

24 Господи, казни ме, но по правда, не во гнев, за да не ме сотреш.

25 Излеј гнев врз народите кои не Те признаваат, и на племињата кои не го повикуваат Твоето Име! Зашто тие го голтнаа Јакова, го изедоа, го запустија неговото живеалиште.