Еремија 10:2-8 MKB

2 Господ зборува вака: „Не свикнувајте на безбожниот пат, и не треперете пред небесните знаци, зашто пред нив треперат само безбожниците.

3 Зашто правилата на тие народи се ништожество, само дрво пресечено во гората, дело на рацете на дрводелецот,

4 украсено со сребро и злато, прицврстено со клинови и со млат за да не се ниша.

5 Слични се на птичините страшила во градината: не знаат да зборуваат. Треба да бидат носени, зашто не умеат да одат. Не бојте се од нив, зашто не можат да прават зло, но не можат да прават ни добро.”

6 Никој не е како Ти, Господи, Ти си велик и силно е Твоето Име.

7 Кој да не се бои од Тебе, Цару на народите? Навистина, Тебе Ти припаѓа, зашто меѓу сите мудреци на народите и во сите нивни царства Ти нема рамен! Со што палат оган, тоа ги залудува! Законот им е суетен - обично дрво.

8 Сите до еден тие се бесмислени и глупи; празно учење - тоа е дрво.