Еремија 10:7-13 MKB

7 Кој да не се бои од Тебе, Цару на народите? Навистина, Тебе Ти припаѓа, зашто меѓу сите мудреци на народите и во сите нивни царства Ти нема рамен! Со што палат оган, тоа ги залудува! Законот им е суетен - обично дрво.

8 Сите до еден тие се бесмислени и глупи; празно учење - тоа е дрво.

9 Сребро исковано во листови увезено од Тарсис, злато од Уфаз, работа на копаничарот и ракотворба на златарот, сè уметнички дела, наметнати со љубичесто и со црвено сукно.

10 А Господ е вистински Бог, Тој е жив Бог и вечен Цар. Земјата се тресе од Неговиот гнев, народите не можат да ја поднесат Неговата јарост.

11 Еве што ќе речете за киповите: „Боговите кои не ги создадоа небесата ни земјата треба да ги снема од лицето на земјата и под небото.”

12 Тој ја создаде земјата со Својата сила, со Својата мудрост ја утврди вселената, и со Својот ум ги оптегна небесата.

13 Кога ќе Му заечи гласот, водите на небесата шумат, ги крева облаците од крајот на земјата; му создава молња на дождот, го изведува ветерот од неговите засолништа.