Еремија 11:1-7 MKB

1 Словото што Господ му го упати на Еремија:

2 „Чуј ги зборовите на овој Завет и зборувај им на Јудејците и на Ерусалимците.

3 Речи им: ‘Вака зборува Господ, Израелевиот Бог: „Проклет да биде човекот, кој не ќе ги послуша зборовите на овој Завет,

4 зборовите што им ги заповедав на вашите татковци кога ги изведов од Египетската Земја, од онаа вжарена печка, говорејќи: ‘Послушајте го Мојот глас и правете сè што ќе ви заповедам: тогаш ќе бидете Мој народ, а Јас ваш Бог,’

5 за да ја исполнам заклетвата со која им се заколнав на вашите татковци дека ќе им ја дадам земјата во која течат млеко и мед - како што е денес.”‘“ А јас одговорив и реков: „Така е, Господи.”

6 И Господ ми рече натаму: „Објави ги овие зборови по јудејските градови и по ерусалимските улици: ‘Послушајте ги зборовите на овој Завет, па извршувајте ги.

7 Зашто сериозно ги опоменував вашите татковци кога ги изведував од Египетската Земја и неуморно ги опоменувам до денес, велејќи: „Послушајте го Мојот глас.”