Еремија 11:12-18 MKB

12 Тогаш јудејските градови и ерусалимските жители нека викаат кон боговите на кои им кадат, но тие нема да им помогнат во време на неволја!

13 Зашто имаш, о Јудејо, богови колку и градови! И колку што има улици во Ерусалим, толку жртвеници подигнавте за да му кадите на Ваала.

14 И така, ти не моли милост за тој народ, не дигај го гласот за нив и не моли, зашто нема да ги послушам кога ќе Ме повикаат во својата неволја.

15 Што бара мојата возљубена во Мојот Дом? Смислуваат лоши основи. Дали мрсното и посветеното месо ќе го отстранат злото од тебе? Дали можат затоа да те прогласат чиста?

16 ‘Зелена маслинка со убаво растење,’ така те нарече Господ. А сега со голем шум со пламен го гори нејзиното лисје, изгорени се нејзините гранки.

17 Господ над Воинствата, Кој те беше посадил, ти наметна несреќа заради злосторот што го направи Израелевиот дом и Јудиниот дом, кадејќи му на Ваала, за да Ме разгневат Мене.

18 Господ ми објави, па знам! Господи, тогаш Ти ми ги откри нивните сплетки.