Еремија 12:3-9 MKB

3 Но Ти, Господи, ме познаваш мене и ме гледаш; го испита моето срце, тоа е со Тебе. Одведи ги како јагниња на колење, запази ги за денот на колежот.

4 До кога ќе тагува земјата, до кога ќе се суши тревата по сето поле? Заради нечесноста на нејзините жители пцовисуваат добитокот и птиците! Зашто зборуваат: „Господ не ги гледа нашите патишта.”

5 Ако се уморуваш трчајќи со пешаците, како ќе се тркаш со коњите? Кога имаш надеж во мирната земја, како тогаш ќе врвиш низ јорданските шумки?

6 Зашто и твоите браќа и домот на твојот татко се дволични кон тебе! И тие те оцрнуваат зад грб со сета уста. Не верувај им кога ти зборуваат милно.

7 Го оставив својот дом, го напуштив своето наследство; возљубеницата на своето срце ја дадов во рацете на нејзините непријатели.

8 Моето наследство стана за мене како лав во гората. Зарика на мене, затоа го замразив.

9 Зар е моето наследство шарена птица околу која другите слетуваат отсекаде? Ајде, соберете се, сите диви ѕверови, дојдете да јадете.