7 Го оставив својот дом, го напуштив своето наследство; возљубеницата на своето срце ја дадов во рацете на нејзините непријатели.
8 Моето наследство стана за мене како лав во гората. Зарика на мене, затоа го замразив.
9 Зар е моето наследство шарена птица околу која другите слетуваат отсекаде? Ајде, соберете се, сите диви ѕверови, дојдете да јадете.
10 Мнозина пастири го запустија моето лозје, го изгазија мојот дел; моето мило наследство го претворија во гола пустина,
11 го претворија во запустеност, жалосна пустина е пред мене. Сета земја е пуста зашто никој не го зема тоа при срце.
12 Преку сите пустински голини, се нафрлија разурнувачи. Зашто во Господа е мечот што голта: од едниот крај на земјата до другиот нема мир за ниедно тело.
13 Сееја пченица, а пожнееја трње: се исцрпија без полза. Се срамат од својот производ, сè заради Господовата јарост.”