1 Господ ми зборува вака: „Оди и купи си ленен појас и опаши го околу крстот. Ама не го наквасувај во вода.”
2 И купив појас според Господовото слово и ја опашав половината.
3 И по вторпат ми дојде Господовото слово:
4 „Земи го појасот што го купи и со кого се опаша, крени се, оди до реката Еуфрат и скриј го таму во пукнатината на пештерата.”
5 И отидов и го скрив покрај Еуфрат, како што ми заповеда Господ. По многу дни Господ ми рече:
6 „Стани, оди при Еуфрат па извлечи го оттаму појасот за кој ти заповедав да го скриеш таму.”