Еремија 13:12-18 MKB

12 Речи му на тој народ: ‘Секоја врчва се полни со вино. А тие ќе ти приговорат: ‘Зар можеби не знаеме дека секоја врчва се полни со вино?’

13 Тогаш речи им: ‘Господ зборува вака: „Еве ќе ги наполнам со пијаност сите жители на оваа земја, царевите кои седат на Давидовиот престол, и свештениците, и пророците, сите ерусалимски жители!

14 Ќе ги удрам еден со друг, татковците со синовите - зборува Господ. Ќе ги уништам без сомилост, без милосрдие и без смилување.”‘“

15 Послушајте, чујте добро, оставете ја гордоста: Господ зборува сега!

16 Дајте Му слава на Господа, својот Бог, пред да се смрачи, пред вашите нозе да се сопнат во мрачните планини. Вие и се надевате на светлината, а Тој ќе ја претвори во мрак, ќе ја измени во црна темнина!

17 Ако не го послушате ова, душата ќе ми плаче постојано заради вашата гордост, солзи ќе рони, окото ќе ми лее солзи, зашто Господовото стадо заминува во ропство.

18 Речи им на царот и на царицата-мајка: „Седнете длабоко долу зашто венецот на славата падна од вашите глави.”