Еремија 13:15-21 MKB

15 Послушајте, чујте добро, оставете ја гордоста: Господ зборува сега!

16 Дајте Му слава на Господа, својот Бог, пред да се смрачи, пред вашите нозе да се сопнат во мрачните планини. Вие и се надевате на светлината, а Тој ќе ја претвори во мрак, ќе ја измени во црна темнина!

17 Ако не го послушате ова, душата ќе ми плаче постојано заради вашата гордост, солзи ќе рони, окото ќе ми лее солзи, зашто Господовото стадо заминува во ропство.

18 Речи им на царот и на царицата-мајка: „Седнете длабоко долу зашто венецот на славата падна од вашите глави.”

19 Градовите на Негев се затворени, и нема никој да ги отвори. Сета Јудеја е во ропство, сосем поробена!

20 Подигни ги очите, Ерусалиме, и погледај ги оние што навлегуваат од Север. Каде е стадото што ти е доверено, твоите славни овци?

21 Што ќе речеш кога ќе ти се наметнат како твои господари оние што самиот ги научи за да те водат како љубовници. Нема ли да те опфаќаат болки како родилката?