Еремија 13:19-25 MKB

19 Градовите на Негев се затворени, и нема никој да ги отвори. Сета Јудеја е во ропство, сосем поробена!

20 Подигни ги очите, Ерусалиме, и погледај ги оние што навлегуваат од Север. Каде е стадото што ти е доверено, твоите славни овци?

21 Што ќе речеш кога ќе ти се наметнат како твои господари оние што самиот ги научи за да те водат како љубовници. Нема ли да те опфаќаат болки како родилката?

22 Можеби тогаш ќе се прашаш: „Зошто ме снајде тоа?” Заради многуте твои беззаконија ги открија твоите скутови, направија насилство над тебе.

23 Може ли Етиопецот да ја измени својата кожа? Или леопардот своето крзно? А вие, можете ли да правите добро, свикнати да правите зло?

24 „Затоа ќе ве распрснам како плева, што ја разнесува пустинскиот ветер.

25 Тоа е твојата судбина и дел што ти е одмерен, говори Господ, зашто Ме заборави Мене и се надеваше во лага.