Еремија 13:21-27 MKB

21 Што ќе речеш кога ќе ти се наметнат како твои господари оние што самиот ги научи за да те водат како љубовници. Нема ли да те опфаќаат болки како родилката?

22 Можеби тогаш ќе се прашаш: „Зошто ме снајде тоа?” Заради многуте твои беззаконија ги открија твоите скутови, направија насилство над тебе.

23 Може ли Етиопецот да ја измени својата кожа? Или леопардот своето крзно? А вие, можете ли да правите добро, свикнати да правите зло?

24 „Затоа ќе ве распрснам како плева, што ја разнесува пустинскиот ветер.

25 Тоа е твојата судбина и дел што ти е одмерен, говори Господ, зашто Ме заборави Мене и се надеваше во лага.

26 Самиот ќе ти ја поткренам облеката од лицето за да се види твојата голота.

27 Сите твои прељуби, сите твои врескања и твоето бессрамно блудничење, врз горите, во полињата, ги видов твоите грозотии. Тешко тебе, Ерусалиме! Уште не се очисти и уште до кога ќе трае тоа...?”