Еремија 13:7-13 MKB

7 Отидов при Еуфрат, го извлеков и го зедов појасот од местото каде што го скрив, и ете: појасот гнил, не беше веќе за ништо.

8 Тогаш ми дојде Господовото слово:

9 „Господ зборува вака: ‘Така ќе ја уништам силната горделивост на Јудеја и Ерусалим.

10 Тој опак народ што не ги слуша Моите зборови, туку го следи своето закоравено срце и трча по други богови за да им служи и за да им се клања, ќе стане како твојот појас што веќе не е за ништо.

11 Зашто како што појасот се долепува до човековите бедра, така сакав сиот Израелов дом и сиот Јудин дом да се долепи до Мене - зборува Господ - за да бидат Мој народ, Мој добар глас, Моја гордост, Моја слава и чест. Но не послушаа!’

12 Речи му на тој народ: ‘Секоја врчва се полни со вино. А тие ќе ти приговорат: ‘Зар можеби не знаеме дека секоја врчва се полни со вино?’

13 Тогаш речи им: ‘Господ зборува вака: „Еве ќе ги наполнам со пијаност сите жители на оваа земја, царевите кои седат на Давидовиот престол, и свештениците, и пророците, сите ерусалимски жители!