1 Господ ми рече вака: „Отиди и купи глинена врчва. Поведи со себе неколку народни и свештенички старешини.
2 Појди во Долината Бен Еном, на влезот на Грнчарската Врата. Таму разгласи го зборот што ќе ти го речам.
3 Речи им: ‘Чујте го Господовото слово, јудејски цареви и ерусалимски жители. Вака зборува Господ над Воинствата, Израелевиот Бог: „Еве, доведувам несреќа на ова место, та на сите што ќе го чујат тоа ќе им заѕуни во ушите.
4 Затоа што Ме оставија и го оттуѓија ова место кадејќи им на туѓи богови, што не ги познаваа нивните татковци ни јудејските цареви; и затоа што го натопија ова место со крвта на невините;