Еремија 19:11-15 MKB

11 и речи им: ‘Вака зборува Господ над Војските: „Така ќе ги скршам овој народ и овој град, како што се крши грнчарски сад, та веќе не може да се поправи. Ќе се закопуваат во Тофет, зашто инаку не ќе има места за закопување.

12 Така ќе постапам со ова место - зборува Господ - и со неговите жители. И ќе го направам овој град сличен на Тофет.

13 И сите ерусалимски куќи и куќите на јудејските цареви ќе бидат нечисти како Тофет: сите куќи на чии покриви и се кади на сета небесна војска и им се излеваат налевници на туѓите богови.”‘“

14 Кога Еремија се врати од Тофет, каде што Господ го беше испратил за да пророкува, застана во дворот на Господовиот Дом, па почна да му зборува на сиот народ:

15 „Вака зборува Господ над Воинствата, Израелевиот Бог: ‘Еве, ќе го доведам врз овој град и врз сите негови гратчиња сето зло со кое што им се заканував, зашто ги закоравија своите вратови не слушајќи ги Моите зборови.’”