Еремија 19:6-12 MKB

6 Затоа, еве, доаѓаат денови - зборува Господ - кога ова место не ќе се вика веќе Тофет, ниту Долина Бен Еном, туку Долина на Колеж.

7 Ќе ја осуетам на ова место намислата на Јудеја и на Ерусалим и ќе направам сите да загинат од непријателски меч, од рацете на оние што им работат спроти главата. А нивните трупови ќе им ги дадам за храна на небесните птици и на полските ѕверови.

8 А овој град ќе го направам презир и ужас: секој што ќе помине покрај него ќе се згрози и ќе свирка заради сите негови несреќи.

9 И ќе им дадам да го јадат месото на своите синови и ќерки. Да, секој ќе го јаде месото на својот ближен заради претешката неволја со која ќе ги притиснат нивните непријатели, што им работат спроти главата.”‘

10 Скрши ја врчвата пред очите на своите придружници

11 и речи им: ‘Вака зборува Господ над Војските: „Така ќе ги скршам овој народ и овој град, како што се крши грнчарски сад, та веќе не може да се поправи. Ќе се закопуваат во Тофет, зашто инаку не ќе има места за закопување.

12 Така ќе постапам со ова место - зборува Господ - и со неговите жители. И ќе го направам овој град сличен на Тофет.