Еремија 2:15-21 MKB

15 Лавчиња рикаа на него, го подигаа својот глас. Во пустина ја претворија неговата земја, ги изгореа градовите, им ги нема жителите.

16 А и оние од Мемфис и Тафнес ти го бричеа темето.

17 Нели си го направи тоа сам на себеси, отпаднувајќи од Господа, твојот Бог, кога те водеше по патот?

18 А сега, зошто тргнуваш во Египет, да пиеш вода од Нил? Зошто тргнуваш во Асирија, за да пиеш вода од Реката?

19 Твојата нечесност те казнува, твоето отпадништво те осудува. Сфати и види како е тешко и горко зашто го остави Господа, својот Бог, зашто го нема веќе Мојот страв во тебе - говори Господ Бог над Воинствата.

20 Да, одамна ти го скрши својот јарем, ги скина твоите врски и рече: ‘Нејќам да робувам.’ Па сепак, на секое возвишено место, под секое зелено дрво легнуваше како блудница.

21 А Јас те засадив како избрана лоза, како племенита садница. Само како ли ми се измени во неплоден изрод, во дива лоза!