Еремија 2:18-24 MKB

18 А сега, зошто тргнуваш во Египет, да пиеш вода од Нил? Зошто тргнуваш во Асирија, за да пиеш вода од Реката?

19 Твојата нечесност те казнува, твоето отпадништво те осудува. Сфати и види како е тешко и горко зашто го остави Господа, својот Бог, зашто го нема веќе Мојот страв во тебе - говори Господ Бог над Воинствата.

20 Да, одамна ти го скрши својот јарем, ги скина твоите врски и рече: ‘Нејќам да робувам.’ Па сепак, на секое возвишено место, под секое зелено дрво легнуваше како блудница.

21 А Јас те засадив како избрана лоза, како племенита садница. Само како ли ми се измени во неплоден изрод, во дива лоза!

22 Да се измиеш и со луг, направен од многу пепел, ќе остане дамката на твоето беззаконие пред Мене - говори Господ Бог.

23 Како можеш само да речеш: ‘Не сум се извалкала, не одев по ваалите.’ Погледај ги своите траги во Долината, запознај што си направила. Брза камила што крстосува по своите патеки,

24 дивата ослица навикната на пустината, во својата сладострасност лакомо збива, кој ќе ја скроти во времето на водењето? Кој ја бара, нема да се замори, ќе ја најде во нејзиниот месец.