Еремија 2:25-31 MKB

25 Чувај се да не ти обоси ногата, да не ти се осуши грлото. А ти велиш: ‘Не, напразно е! Зашто ги љубам странците, и по нив ќе одам.’

26 Како што се засрамува крадецот кога ќе го фатат, така ќе се засрамат синовите на Израелевиот дом, тие, царевите, кнезовите, свештениците и нивните пророци,

27 кои што му зборуваат на дрвото: ‘Ти си мој татко!’ а на каменот: ‘Ти си ме родил!’ зашто ми ги свртуваат плеките, а не лицето, но во својата неволја викаат: ‘Стани, спаси нè!’

28 Каде се боговите што ти самиот ги направи? Нека станат ако можат да те спасат во твојата неволја! Зашто имаш, о Јудејо, богови колку и градови! Колку што Ерусалим има улици толку Ваал има жртвеници.

29 Зошто сакате да се препирате со Мене? Сите се одметнавте од Мене - говори Господ.

30 Напразно ги удрив вашите синови: вие не извлековте поука од тоа: вашите мечеви ги растргнаа вашите пророци, како лав истребувач.

31 Од каков род ли сте? Чујте го Господовото слово: Зар му бев пустина на Израел, или мрачна земја? Зошто Мојот народ зборува: ‘Сакаме слобода, не сакаме веќе кај Тебе!’