28 Каде се боговите што ти самиот ги направи? Нека станат ако можат да те спасат во твојата неволја! Зашто имаш, о Јудејо, богови колку и градови! Колку што Ерусалим има улици толку Ваал има жртвеници.
29 Зошто сакате да се препирате со Мене? Сите се одметнавте од Мене - говори Господ.
30 Напразно ги удрив вашите синови: вие не извлековте поука од тоа: вашите мечеви ги растргнаа вашите пророци, како лав истребувач.
31 Од каков род ли сте? Чујте го Господовото слово: Зар му бев пустина на Израел, или мрачна земја? Зошто Мојот народ зборува: ‘Сакаме слобода, не сакаме веќе кај Тебе!’
32 Дали го заборава девицата својот накит, или невестата својот појас? А Мојот народ Ме заборави Мене, тоа веќе има безброј денови.
33 О, како го знаеш добро својот пат кога ја бараш љубовта! Затоа и на зло ги навикна своите патишта.
34 А и на твоите раце се наоѓа крвта на невините сиромаси: не ги најде како ја разурнуваат твојата врата. Да, ти ќе одговараш за сите нив.