Еремија 2:30-36 MKB

30 Напразно ги удрив вашите синови: вие не извлековте поука од тоа: вашите мечеви ги растргнаа вашите пророци, како лав истребувач.

31 Од каков род ли сте? Чујте го Господовото слово: Зар му бев пустина на Израел, или мрачна земја? Зошто Мојот народ зборува: ‘Сакаме слобода, не сакаме веќе кај Тебе!’

32 Дали го заборава девицата својот накит, или невестата својот појас? А Мојот народ Ме заборави Мене, тоа веќе има безброј денови.

33 О, како го знаеш добро својот пат кога ја бараш љубовта! Затоа и на зло ги навикна своите патишта.

34 А и на твоите раце се наоѓа крвта на невините сиромаси: не ги најде како ја разурнуваат твојата врата. Да, ти ќе одговараш за сите нив.

35 А велиш: ‘Невина сум, Неговиот гнев се одврати од мене.’ Еве Ме да ти судам, зашто зборуваш: ‘Не сум згрешила.’

36 Колку си бедна во својата заблуденост! И Египетците ќе те засрамат како што те посрамија Асирците.