14 Проклет да биде денот кога се родив, денот кога ме роди мојата мајка, да не биде благословен!
15 Проклет да биде човекот кој му соопшти на мојот татко: „Ти се роди син, машко!” и со тоа го зарадува татка ми.
16 На тој човек да му биде како на градовите, што Господ ги разурна без жал; туку во самата зора да чуе вик за помош и бојни викотници на пладне,
17 зашто не ме погуби во мајчината утроба, за да ми беше мајка ми мој гроб, за да и останеше утробата трудна довека!
18 О зошто излегов од мајчиното крило? За да гледам јад и неволја, и за да ги довршам деновите во срам!