Еремија 20:8-14 MKB

8 Зашто штом ќе проговорам, треба да викам, треба да навестувам: „Насилство! Пропаст!” Навистина Господовото слово ми стана за презир и за потсмев цел ден.

9 И реков во себеси: „Веќе не ќе мислам на Него, ниту ќе зборувам во Негово Име.” Но тогаш во моето срце беше како распламенат оган запретан во моите коски: напразно се трудев да издржам, не можев веќе.

10 Чув многу клевети: „Ужас отсекаде! Пријавете! Ние ќе го пријавиме!” Сите кои што ми беа пријатели го чекаа моето паѓање. „Можеби ќе го заведеме, па ќе завладееме со него и ќе му се одмаздиме нему!”

11 Со мене е Господ како силен јунак! Затоа моите гонители ќе се сопнат и не ќе надвладеат, ќе се засрамат многу заради поразот, заради незаборавениот вечен срам.

12 О Господи над Силите, Кој проникнуваш во праведникот и му ги гледаш бубрезите и срцето, дај ми да видам како им се одмаздуваш, зашто Тебе Ти ја доверив својата парница.

13 Пејте Му на Господа, фалете Го Господа, зашто Тој ја избави душата на бедниот од рацете на злосторниците.

14 Проклет да биде денот кога се родив, денот кога ме роди мојата мајка, да не биде благословен!