Еремија 21:2-8 MKB

2 „Ајде, прашај Го Господа за нас, зашто Навуходоносор, вавилонскиот цар, завојува против нас; можеби Господ пак ќе направи чудо со нас, па непријателот ќе се повлече пред нас.”

3 Еремиј им рече: „Речете му вака на Седекија:

4 ‘Вака зборува Господ, Израелевиот Бог: „Ќе го повлечам оружјето, што е во вашите раце, со кое се борите против вавилонскиот цар и Халдејците, кои што ве напаѓаат вон ѕидовите, и ќе го соберам среде овој град.

5 И Самиот ќе се борам против вас со испружена рака и со силна мишка, во расрденост и во гнев и во голема јарост.

6 И со страшен помор ќе ги удрам жителите на овој град, луѓето и животните, и ќе изумрат.

7 Потоа, говори Господ - ќе ги предадам: Седекија, јудејскиот цар, и неговите слуги и народот, и сите оние што останаа во тој град после поморот, мечот и гладот, во рацете на Навуходоносор, вавилонскиот цар, во рацете на нивните непријатели и во рацете на оние кои што им работат спроти главата; тој ќе ги исече со острилото на мечот без сомилост, без милосрдие и без смилување.”‘

8 А на овој народ речи му: ‘Господ зборува вака: „Еве ги ставам пред вас патот на животот и патот на смртта.