Еремија 21:6-12 MKB

6 И со страшен помор ќе ги удрам жителите на овој град, луѓето и животните, и ќе изумрат.

7 Потоа, говори Господ - ќе ги предадам: Седекија, јудејскиот цар, и неговите слуги и народот, и сите оние што останаа во тој град после поморот, мечот и гладот, во рацете на Навуходоносор, вавилонскиот цар, во рацете на нивните непријатели и во рацете на оние кои што им работат спроти главата; тој ќе ги исече со острилото на мечот без сомилост, без милосрдие и без смилување.”‘

8 А на овој народ речи му: ‘Господ зборува вака: „Еве ги ставам пред вас патот на животот и патот на смртта.

9 Кој ќе остане во овој град, ќе загине од меч, глад и помор. А кој ќе излезе, та им се предаде на Халдејците кои ве опсадуваат, ќе го спаси животот - животот ќе му остане како плен.

10 Зашто, му го завртив Своето лице против овој град на зло, а не на добро - говори Господ - и ќе му биде предаден во рацете на вавилонскиот цар, и тој ќе го изгори со оган.”‘

11 На царскиот дом на Јудеја: ‘Чујте го Господовото слово,

12 Давидов доме! Господ зборува вака: „Судете праведно секое утро, избавете ги угнетуваните од рацете на угнетувачот, или Мојот гнев ќе пламне како оган, ќе се распали неугасливо заради вашите зли дела.