1 Господ зборува вака: „Слези во дворецот на јудејскиот цар и објави го таму ова слово.
2 Речи: ‘Слушај го Господовиот збор јудејски цару, кој седиш на Давидовиот престол, ти и твоите слуги и твојот народ што влегуваат низ оваа врата.
3 Господ зборува вака: „Правете правосудство и правда, избавете ги угнетуваните од рацете на угнетувачите! Не правете им неправда на странецот, на сирачето, на вдовицата, не ги угнетувајте, и не пролевајте невина крв на ова место.
4 Зашто ако се владеете вистински според овој збор, низ вратата на овој дворец ќе влегуваат царевите што седат на Давидовиот престол, што се возат во коли и што јаваат на коњи - тие, нивните слуги и нивниот народ.
5 Ако пак не ги послушате овие зборови, се заколнувам во Себе - говори Господ - дека тој дворец ќе го претворам во урнатина!”‘“