Еремија 22:11-17 MKB

11 Зашто Господ зборува вака за Салум, синот Јосиин, јудејскиот цар, кој царуваше после својот татко и требаше да си отиде од своето место: „Никогаш веќе нема да се врати,

12 туку ќе умре во местото каде што го заробија, а оваа земја никогаш веќе нема да ја види.

13 Горко му на оној кој гради куќа неправедно, и ги крева горните соби без право; кој го тера ближниот на работа и не му ја исплатува платата;

14 кој вели: ‘Ќе си изградам за себе пространа куќа и проѕирни горни соби!’ Кој отвора прозорци, ги обложува со кедровина обоена црвено.

15 Дали си затоа цар дека се фалиш со кедар? Нели татко ти јадеше и пиеше, но правеше правосудство и правда, и затоа му беше добро.

16 Го бранеше правото на сиромашниот и на јадникот, и затоа му беше добро. Зар не значи тоа да Ме познава Мене? - зборува Господ.

17 Но твоите очи и срцето одат само по печалба, за да пролеваш невина крв, за да правиш насилство и угнетување.”