17 Но твоите очи и срцето одат само по печалба, за да пролеваш невина крв, за да правиш насилство и угнетување.”
18 Затоа Господ зборува вака за Јоаким, синот Јосиин, царот јудејски: „По него нема да тажат: ‘Леле, брате мој! Леле, сестро моја!’ По него нема да тажат: ‘Леле, господару! Леле, величество!’
19 Ќе го закопаат како осле, ќе го извлечат и ќе го фрлат надвор од вратите на Ерусалим.
20 Искачи се на Ливан и викај, нека се разнесува глас по Васан, нека бучи од Аварим, зашто се скршени сите твои пријатели!
21 Убаво те советував во мирните денови, но ти ми рече: ‘Не ќе слушам!’ Така се владееш од младоста: не го слушаш Мојот глас.
22 Сите твои пастири ветерот ќе ги испасе, а твоите љубовници ќе отидат во ропство. Тогаш ќе се срамиш и засрамуваш од сета своја пакост.
23 Ти што престојуваш на Ливан, ти што се загнездуваш по кедрите, како ли ќе стенкаш кога ќе те нападнат болките, болките на породилката.