Еремија 22:19-25 MKB

19 Ќе го закопаат како осле, ќе го извлечат и ќе го фрлат надвор од вратите на Ерусалим.

20 Искачи се на Ливан и викај, нека се разнесува глас по Васан, нека бучи од Аварим, зашто се скршени сите твои пријатели!

21 Убаво те советував во мирните денови, но ти ми рече: ‘Не ќе слушам!’ Така се владееш од младоста: не го слушаш Мојот глас.

22 Сите твои пастири ветерот ќе ги испасе, а твоите љубовници ќе отидат во ропство. Тогаш ќе се срамиш и засрамуваш од сета своја пакост.

23 Ти што престојуваш на Ливан, ти што се загнездуваш по кедрите, како ли ќе стенкаш кога ќе те нападнат болките, болките на породилката.

24 Животот ми Мој - зборува Господ - кога Јехониј, синот Јоакимов, јудејски цар, би бил печат на Мојата десница, Јас би го истргал од прстот.

25 Ќе те дадам во рацете на оние, кои што ти работат спроти главата, во рацете на оние пред кои што трепериш, во рацете на Навуходоносор, вавилонскиот цар, и во рацете на Халдејците.