Еремија 22:22-28 MKB

22 Сите твои пастири ветерот ќе ги испасе, а твоите љубовници ќе отидат во ропство. Тогаш ќе се срамиш и засрамуваш од сета своја пакост.

23 Ти што престојуваш на Ливан, ти што се загнездуваш по кедрите, како ли ќе стенкаш кога ќе те нападнат болките, болките на породилката.

24 Животот ми Мој - зборува Господ - кога Јехониј, синот Јоакимов, јудејски цар, би бил печат на Мојата десница, Јас би го истргал од прстот.

25 Ќе те дадам во рацете на оние, кои што ти работат спроти главата, во рацете на оние пред кои што трепериш, во рацете на Навуходоносор, вавилонскиот цар, и во рацете на Халдејците.

26 И ќе ве фрлам тебе и мајката, која те роди, во друга земја каде што не сте се родиле; таму ќе умрете.

27 Но во земјата за која што копнеат да се вратат, нема да се вратат!

28 Та зар тој човек Јехониј е презрен сад, скршен? Или сад што никому не му се свидува? Затоа беа протерани тој и потомството, заточени во земја што им е сосем непозната?