25 Ќе те дадам во рацете на оние, кои што ти работат спроти главата, во рацете на оние пред кои што трепериш, во рацете на Навуходоносор, вавилонскиот цар, и во рацете на Халдејците.
26 И ќе ве фрлам тебе и мајката, која те роди, во друга земја каде што не сте се родиле; таму ќе умрете.
27 Но во земјата за која што копнеат да се вратат, нема да се вратат!
28 Та зар тој човек Јехониј е презрен сад, скршен? Или сад што никому не му се свидува? Затоа беа протерани тој и потомството, заточени во земја што им е сосем непозната?
29 Земјо, земјо, земјо, послушај го Господовиот збор.
30 Господ зборува вака: ‘Запишете за овој човек: „Без деца.” Животот не му стана среќен. Никој од неговото потомство нема да седне на Давидовиот престол, ниту ќе владее над Јудеја.’”