Еремија 22:4-10 MKB

4 Зашто ако се владеете вистински според овој збор, низ вратата на овој дворец ќе влегуваат царевите што седат на Давидовиот престол, што се возат во коли и што јаваат на коњи - тие, нивните слуги и нивниот народ.

5 Ако пак не ги послушате овие зборови, се заколнувам во Себе - говори Господ - дека тој дворец ќе го претворам во урнатина!”‘“

6 Зашто Господ зборува вака за дворецот на јудејскиот цар: „Ти си за Мене Галад, ливански врв. Но, навистина, ќе те претворам во пустина, во ненаселен град.

7 Ќе подготвам против тебе истребители, секого со неговото оружје, нека ги исечат твоите избрани кедри и нека ги фрлат во оган.

8 Многу народи ќе поминуваат покрај тој град и едниот ќе го праша другиот: ‘Зошто постапи Господ така со овој голем град?’

9 Ќе им одговорат: ‘Зашто го оставија Заветот на Господа, својот Бог, им се поклонуваа на други богови и им служеа.’”

10 Не плачете за умрениот, не ридајте по него. Подобро плачете за оној кој си заминува, зашто никогаш веќе нема да се врати, ниту да ја види родната земја.