1 „Тешко им на пастирите кои ги упропастуваат и ги распрснуваат овците на Моето пасиште” - говори Господ.
2 Затоа вака зборува Господ, Израелевиот Бог, против пастирите кои го пасат Мојот народ: „Вие ги распрснавте Моите овци, ги растеравте, не се грижевте за нив. Затоа сега Јас ќе се погрижам за вас заради вашите лоши дела - говори Господ.
3 И Самиот ќе го соберам Остатокот на Своите овци од сите земји, каде што Сум ги распрснал, и ќе ги вратам на нивните пасишта: ќе бидат плодни и ќе се размножуваат.
4 И ќе им подигнам пастири, за да ги пасат, та веќе не ќе се плашат од ништо, ниту ќе се загубуваат - говори Господ.
5 Еве доаѓаат денови - зборува Господ, ќе му подигнам на Давида праведен Подник. Тој ќе владее како Цар и ќе биде мудар, и ќе прави суд и правда во земјата.