21 „Не ги испратив тие пророци, а сепак трчаат! Не им зборував, а сепак пророкуваат!
22 Да, ако беа на Моето советување, би му ги објавиле Моите зборови на Мојот народ, и би се обиделе да ги одвратат од нивниот лош пат и од нивните зли дела.
23 Та, зар Сум Јас Бог само од близу - говори Господ - зар од далеку веќе не Сум Бог?
24 Може ли некој да се скрие во тајни места та Јас да не го видам? - говори Господ. Не ги исполнувам ли Јас небото и земјата? - говори Господ.
25 Чув што зборуваат пророците, кои пророкуваат лаги во Мое Име и тврдат: ‘Сонував! Сонував!’
26 До кога ќе ги има меѓу пророците оние, кои пророкуваат лага и ја објавуваат измамата на своето срце?
27 Мислат дека со своите соништа, што еден на друг си ги раскажуваат, дека ќе постигнат Мојот народ да го заборави Моето Име покрај Ваала!