Еремија 23:24-30 MKB

24 Може ли некој да се скрие во тајни места та Јас да не го видам? - говори Господ. Не ги исполнувам ли Јас небото и земјата? - говори Господ.

25 Чув што зборуваат пророците, кои пророкуваат лаги во Мое Име и тврдат: ‘Сонував! Сонував!’

26 До кога ќе ги има меѓу пророците оние, кои пророкуваат лага и ја објавуваат измамата на своето срце?

27 Мислат дека со своите соништа, што еден на друг си ги раскажуваат, дека ќе постигнат Мојот народ да го заборави Моето Име покрај Ваала!

28 Пророкот што сонувал сон, само нека го раскаже својот сон, а во кого е Мојот збор, нека го објавува според вистината Мојот збор! Што им е заедничко на сламата и житото? - говори Господ.

29 Не е ли мојот збор како оган - говори Господ - и не е ли сличен на млат што ја крши карпата?

30 Еве Ме затоа против пророците - говори Господ - кои еден на друг му ги крадат Моите зборови.