Еремија 23:26-32 MKB

26 До кога ќе ги има меѓу пророците оние, кои пророкуваат лага и ја објавуваат измамата на своето срце?

27 Мислат дека со своите соништа, што еден на друг си ги раскажуваат, дека ќе постигнат Мојот народ да го заборави Моето Име покрај Ваала!

28 Пророкот што сонувал сон, само нека го раскаже својот сон, а во кого е Мојот збор, нека го објавува според вистината Мојот збор! Што им е заедничко на сламата и житото? - говори Господ.

29 Не е ли мојот збор како оган - говори Господ - и не е ли сличен на млат што ја крши карпата?

30 Еве Ме затоа против пророците - говори Господ - кои еден на друг му ги крадат Моите зборови.

31 Еве Ме против пророците - говори Господ - кои што чукаат со јазикот и коват пророштва.

32 Еве Ме против пророците - говори Господ - кои што пророкуваат измислени соништа, и раскажувајќи ги го заведуваат Мојот народ со своите измислици и со лагите. А Јас не ги испратив, ниту им заповедав нешто, ниту му се на овој народ од некаква полза - зборува Господ.