Еремија 23:28-34 MKB

28 Пророкот што сонувал сон, само нека го раскаже својот сон, а во кого е Мојот збор, нека го објавува според вистината Мојот збор! Што им е заедничко на сламата и житото? - говори Господ.

29 Не е ли мојот збор како оган - говори Господ - и не е ли сличен на млат што ја крши карпата?

30 Еве Ме затоа против пророците - говори Господ - кои еден на друг му ги крадат Моите зборови.

31 Еве Ме против пророците - говори Господ - кои што чукаат со јазикот и коват пророштва.

32 Еве Ме против пророците - говори Господ - кои што пророкуваат измислени соништа, и раскажувајќи ги го заведуваат Мојот народ со своите измислици и со лагите. А Јас не ги испратив, ниту им заповедав нешто, ниту му се на овој народ од некаква полза - зборува Господ.

33 А ако овој народ, или пророкот, или свештеникот, те праша: ‘Што е Господовото бреме?’ одговори им: ‘Вие сте Господовото бреме, и Јас ве отфрлам’ - зборува Господ.

34 А рече ли некој пророк или свештеник, или некој од народот: ‘Господово бреме,’ ќе ги казнам тој човек и неговиот дом.