35 Вака треба да му зборувате секој на својот ближен и секој на својот брат: ‘Што одговори Господ?’ или ‘Што рече Господ?’
36 Но ‘Господовото бреме’ да не сте го спомнале веќе, зашто секому бреме е неговиот збор. Зашто вие ги искривувате зборовите на живиот Бог!
37 Речи му вака на пророкот: ‘Што ти одговори Господ?’ или ‘Што рече Господ?’
38 Но ако речете ‘Господово бреме,’ вака зборува Господ: ‘Затоа што се служите со зборот „Господово бреме,” иако ви нарачав да не го изговарате,
39 Јас ќе го подигнам високо и ќе ги отфрлам од Своето лице вас и вашиот град, што ви го дадов вам и на вашите татковци!
40 И ќе навалам врз вас вечен срам и вечен подбив, што не ќе се заборави.”‘“