6 Во неговите денови Јудеја ќе биде спасена, и Израел ќе живее спокојно. И еве Го името со кое ќе Го наречуваат: „ГОСПОД, НАША ПРАВДА.”
7 Затоа, еве, доаѓаат денови - зборува Господ - кога веќе не ќе се зборува: ‘Живиот ми Господ, Кој ги изведе Израелевите синови од Египетската Земја,’
8 туку: ‘Живиот ми Господ, Кој потомството на Израелевиот дом го изведе и го доведе од Северната Земја и од сите земји, каде што ги беше протерал,’ така што ќе живеат во Својата земја.”
9 За пророците. Срцето во мене е скршено, ми треперат коските, сличен сум на пијаница, на човек кого виното го овладеа, пред лицето на Господа и пред Неговите свети зборови:
10 Зашто земјата е полна со прељубници; заради тие луѓе земјата се завитка во црно, а пасиштата изгореа. Нивната трка е злоба, а силата им е неправда.
11 „Да, и пророкот и свештеникот се лицемери: дури и во Својот Дом им најдов нечесност, говори Господ.
12 Затоа нивните патишта ќе им се претворат во лизгава почва: ќе се тетерават и ќе паѓаат во мракот. Зашто Јас ќе навалам врз нив несреќа во годината на нивната казна - говори Господ.