1 Слово упатено до Еремија за сиот јудејски народ, во четвртата година на Јоаким, син на јудејскиот цар Јосиј - тоа е во првата година на Навуходоносор, вавилонскиот цар.
2 Пророкот Еремија му го навести тоа слово на сиот Јудин народ и на сите Ерусалимци:
3 „Од тринаесеттата година на Јосиј, синот Амонов, јудејскиот цар, сè до денешниот ден, на оваа дваесет и трета година, ми доаѓаше Господовото слово, и јас ви зборував еднакво, ама не ме слушавте.
4 И Господ исто еднакво ги праќаше кај вас Своите слуги, пророците, но вие не слушавте и не ги приклонивте своите уши за да чуете.
5 И ви зборуваа: ‘Вратете се секој од својот лош пат и од своите зли дела, и останете во земјата што Господ ви ја даде вам и на вашите татковци за сите времиња;