Еремија 25:11-17 MKB

11 Сета земја ќе се претвори во запустеност и пустина, и сите народи ќе му служат на вавилонскиот цар седумдесет години.

12 Но кога ќе се наполнат седумдесетте години, ќе ги казнам вавилонскиот цар и оној народ - зборува Господ - за нивното беззаконие, и Халдејската Земја ќе ја претворам во вечни урнатини.

13 Ќе доведам врз таа земја сè што реков против неа - сè што е напишано во овој книжен свиток, што пророкуваше Еремија за сите народи.

14 И тие ќе им служат на многу народи и на големи цареви, и ќе им платам според нивните работи и според делата на нивните раце.’”

15 Вака ми рече Господ, Израелевиот Бог: „Земи ја оваа чаша со вино од Мојата рака, и напој ги со него сите народи кај кои ќе те испратам.

16 Нека пијат додека не се затетерават и додека не обезумат од мечот што ќе го испратам меѓу нив.”

17 И ја зедов чашата од Господовите раце и ги напоив од неа сите народи кај кои што ме испрати Господ: