17 И ја зедов чашата од Господовите раце и ги напоив од неа сите народи кај кои што ме испрати Господ:
18 Ерусалим и јудејските градови со нивните цареви и кнезови, нека бидат урнатини, потсмев и проклетство, како што се и денес;
19 фараонот, египетскиот цар, со неговите слуги и кнезови, и со неговиот народ,
20 и сета онаа мешаница од народи: сите цареви на земјата Уз, сите цареви на Филистејската Земја, Аскалон, Газа, Акарон и она што остана од Азот;
21 Едом, Моав и Амоновите синови;
22 сите цареви на Тир, сите цареви на Сидон, царевите на островите преку море;
23 Дедана, Тема, Вуза и сите оние со истригани краеви на косата,