19 фараонот, египетскиот цар, со неговите слуги и кнезови, и со неговиот народ,
20 и сета онаа мешаница од народи: сите цареви на земјата Уз, сите цареви на Филистејската Земја, Аскалон, Газа, Акарон и она што остана од Азот;
21 Едом, Моав и Амоновите синови;
22 сите цареви на Тир, сите цареви на Сидон, царевите на островите преку море;
23 Дедана, Тема, Вуза и сите оние со истригани краеви на косата,
24 сите цареви на Арабија, сите цареви на мешаницата од народи, кои престојуваат во пустината;
25 сите цареви на Зимрија, и сите цареви на Елам, и сите цареви на Мидија;