Еремија 25:23-29 MKB

23 Дедана, Тема, Вуза и сите оние со истригани краеви на косата,

24 сите цареви на Арабија, сите цареви на мешаницата од народи, кои престојуваат во пустината;

25 сите цареви на Зимрија, и сите цареви на Елам, и сите цареви на Мидија;

26 сите цареви на Север, блиските и далечните, еден до друг, и сите царства на лицето на земјата. А царот Сисак ќе пие после нив.

27 „И речи им: ‘Вака зборува Господ над Воинствата, Израелевиот Бог: „Пијте! Испијанете се! Блувајте! Паднете за да не се дигнете веќе од мечот што ќе го пуштам меѓу вас.”‘

28 „Ако не би сакале да ја земат чашата од твојата рака, за да пијат, речи им: ‘Вака зборува Господ над Војските: „Треба да пиете!

29 Зашто, еве, Јас почнав да го казнувам градот што се вика со Моето Име. А зар вие да поминете без казна? Не, не ќе останете неказнети, зашто Самиот ќе го повикам мечот да удри на сите жители на земјата” - говори Господ над Војските.’