Еремија 25:31-37 MKB

31 достига воен вик - до крајот на светот - зашто Господ се парничи со народите, излегува на суд со секое тело, безбожниците ќе им ги предаде на меч - вели Господ.”

32 Господ над Војските зборува вака: „Еве, несреќата веќе зафаќа народ по народ; страшно невреме веќе се подига, од краиштата на земјата.

33 Во оној ден ќе бидат истепани од Господа од едниот крај на светот до другиот. По нив никој не ќе тажи, ниту некој ќе ги собере и погребе; ќе останат како гној по земјата.

34 Ридајте, пастири, и викајте, тркалајте се по правот, водичи на стадата, зашто ви се исполнија деновите за колење, ќе испаѓате како избрани овни.

35 Веќе нема засолниште за пастирите, ниту спасение за водичите на стадата.

36 Чуј, како ридаат пастирите, како плачат водичите на стадата, зашто Господ го запустува нивното пасиште,

37 мирните пасишта се сотрени од Господовиот јаросен гнев.