35 Веќе нема засолниште за пастирите, ниту спасение за водичите на стадата.
36 Чуј, како ридаат пастирите, како плачат водичите на стадата, зашто Господ го запустува нивното пасиште,
37 мирните пасишта се сотрени од Господовиот јаросен гнев.
38 Лавот ги остава грмушките, зашто ќе запустее нивната земја, од запустувачкиот меч, од јаросниот Господов гнев.”