Еремија 29:23-29 MKB

23 зашто направија срам во Израел, правејќи прељуба со жените на своите ближни и зборувајќи лажни зборови во Мое Име, што Јас не им ги заповедав. Јас го знам тоа, и сведок Сум за тоа’ - зборува Господ.

24 А на Неламецот Семај ќе му порачаш:

25 Вака зборува Господ над Војските, Израелевиот Бог: ‘Ти во свое име му испрати писма на сиот народ што е во Ерусалим, и на свештеникот Софониј, синот Масиин, и на сите други свештеници:

26 „Господ те постави свештеник на местото на свештеникот Јодај за да бидеш надгледник, во Господовиот Дом, за секој безумник кој се прави пророк да го фрлиш во клади, со железо околу вратот.

27 И така, зошто не го спречи Еремија од Анатот, кој се прави меѓу вас пророк?

28 Та тој ни испрати порака во Вавилон: ‘Долго ќе трае: Градете куќи и населете се! Садете градини и уживајте го нивниот плод!’”

29 Свештеникот Софониј му го прочита писмото на пророкот Еремија.